Цицибаните од клубот СКАДИ на два натпревари во слалом и велеслалом во Сљеме, Хрватска освоија подиумски позиции постигнувајќи повторно голем успех
Така во слаломските трки освоија Илев Данило второ и Ева Милевска шесто место (најдобро време во второто возење), останатите тројца натпреварувачи беа дисквалификувани заради промашена капија. Во оваа трка Јана Атанасова при очигледна доминација, заради грешка беше дисквалификувана.
Следниот ден во натпреварите од велеслалом, Јана Атанасова , го освои пиедесталот со првото место, а останатите беа на:
Ева Милевска 6 местo
Илев Данило 9 место
Борјан Стрезоски 20 место
Мартин Христовски 23 место
Ова се повторно големи успеси по натпреварите во Словенија, со два подиуми и куп позитивни резултати. Браво за младите македонски скијачи!
skimacedonia











