80 години ПСК Пелистер

80 godini psk pelister

Почетоците датираат уште од далечната 1935 година,  кога било формирано Планинарското друштво „Пелагонија“, прво независно и самостојно планинарско друштво во земјава.
Денешен правен наследник на тогашната „Пелагонија“ е ПСК „Пелистер“, кој се смета за најтрофејно друштво во сите скијачки категории, посочи претседателот Диме Попов.

Во понеделник започнуваат бројните манифестации, со гостување на бугарски планинар и алпинист, кој е првиот веган што се искачил на сите најголеми врвови во светот, истакна членот на ПСК Пелистер Петар Нолев.

Во рамките на овој голем јубилеј, е издадена брошура за значењето на тогашниот планинарски клуб „Пелагонија“ во перидот од оформувањето до крајот на Втората светска војна, уредена од страна на новинарот Симе Алушевски, а промоција на филм посветен на планинарите ќе има и еден од поискусните битолски планинари, фотограф и новинар Петар Ставрев.

Во клубот ПСК Пелистер членуваат околу 100 планинари, спортисти,скијачи и алпинисти. Овај клуб остварува успешна соработка и со голем број планинарски клубови и здруженија од земјава и странство.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки