8 мај акции за чистење отпад низ регионот на Матка, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево

Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.

На 8-мај е закажано чистење на кањонот Матка. Акцијата за чистење ќе започне во 10 часот, а собирно место ќе биде НА ШИРОЧИНКАТА ПРЕД КАЈАКАРСКОТО. Со поддршка на Тинекс и Пакомак, за сите учесници се обезбедени вреќи за собирање отпад и ракавици.

Акциите за чистење ќе започнат во 10 часот, а со поддршка на Тинекс и Пакомак, за сите учесници се обезбедени вреќи за собирање отпад и ракавици.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата и да помогнат во подигањето на свеста за штетноста на неправилно фрлениот отпад и за потребата од зелена и чиста околина за развој на туризмот во Македонија.

Ако имаш прашања, информирај се овде  Go Green – Биди Зелен

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки