Драги пријатели на Пк Македон , планинари , љубители на природата , ,, и оваа година имаме за чест да ве поканиме на нашиот роденден , оваа година 7ми , и повторно на заедничко дружење и прошетка од с.Кожле (скопско) до с.Карабуниште (велешко) првата акција изведена одкако овој клуб беше формиран пред 7 години и традиција која исто толку години наназад ја негуваме и прославуваме , За да биде роденденот комплетен ве покануваме со нас на 05 април -Недела ,во 08 часот на паркингот пред поштата кај нова железничка станица) на еднодневно дружење , прошетка , уживање во природа и секако дување на свекички 🙂
Акцијата е Кожле -Карабуниште е лесна , започнува од село Кожле (скопско во близина на Катланово сместено во живописна природа над кањонот на реката Пчиња и се одвива по релативно рамен терен без некои поголеми тешкотии низ убави зелени предели покрај реките Пчиња и Вардар , – се пристигнува во село Карабуниште (Велешко ) во подножјето на планината Голешница за околу 2часа и 30мин со лесно движење и уживање во природата .. по паузата тргнуваме назад кон Кожле покрај самиот влив на реката Пчиња во Вардар до манстирот Богородица кој е изграден во карпа каде правиме подолга пауза за одмор , закуска дружење и дување свекички 🙂
-превозот е со сопствени возила но клубот за сите оние кои неможат да дојдат со свое возило обезбедува превоз со комбе
-храната е од ранец
повеќе околу техничките карактеристики и потребна опрема и слично ќе објавиме во текот на наредниот период ,
организаторот Пк Макеодон исто така го задржува правото за евентулана промена на термиот во случај на нестабилно и лошо време.
По повод роденденот на ПК “Македон” на 5.04.2015 г. (недела), се организира превоз со комбиња за сите кои сакаат на овој начин да дојдат до с. Кожле.
Акцијата Кожле -Карабуниште е лесна , започнува од село Кожле (скопско во близина на Катланово) сместено во живописна природа над кањонот на реката Пчиња и се одвива по релативно рамен терен без некои поголеми тешкотии низ убави зелени предели покрај реки.
Цената од учесник ќе изнесува 300 ден. Уплатата може да се изврши и на редовниот состанок на Клубот секоја среда во 20 ч. на ЕТФ во предавална 110. Пријавување најдоцна до 2.04 (четврток).
За сите информации за превоз, контактирајте го Љупчо на 070/231-993
skimacedonia
