5 најфотогенични зимски дестинации, кое од овие места ќе ви остави најдобар впечаток, а кое го завзема првото место?
Социјалните медиуми веќе не преплавуваат со фотографии од снежни планини, долини, испеглани ски патеки, треперливи светулки во снежен бајковит амбиент, греано вино или чај како чади како и пејсажи од најпопуларни зимски планински дестинации.
Grindelwald, Switzerland е една од најфотогеничната дестинација на светот. Ова е селце во близина на Wengen и Murren во подножјето на планината Eiger, лендмарк на Швајцарија планина многу позната меѓу планинарите и алпинистите. Хаштагот со Grindelwald е употребен преку 391.000 пати, а ова место е релативно непознато сепак е вредно да се спомене. Но кои се најпопуларните на инстаграм, според хаш таговите и каде се најатрактивните зимски амбиенти? Направивме колаж од 5те дестинации за совршено зимско селфи
5. Блед, Словенија
Хаштаг употребен преку 548.000 пати. Местото на езерото Блед близу aвстриската граница со барокна црква на сред езеро, градот Блед е на северот од Словенија и близу популарната скијачка и бордерска дестинација Крањска Гора и Крвавец, па го гледаме често и кај македонски блогери и истаграмџии.
4. Zermat – Швајцарија и врвот Matternhorn
Преку 770.000 хаштагови. Едноставно неизбежна и многу популарна фотографија.
Регионот познат како Matterhorn glacier paradise, е eвропскиот највисок и најголем летен ски регион.
3. Chamonix, Франција
Хаштаг употребен преку 1 милион тагови. Овој популарен француски outdoor центар кој е домаќин на еден од најпознатите и најголеми глечери со должина од 7км е еден од најпознатите глетки на инстаграм, заедно со врвот Mont Blanc кој го сликаат од платото познато како Aiguille du Midi.
Со четири скијачки планини има и тоа како избор за фотографии во Аспен. Ова популарно aмериканско скијалиште е употребено преку 1.400,000 пати со неговиот хаштаг.
1. Bern, Швајцарија
Најфотографираната зимска дестинација на Инстаграм со скоро 2.000.000 хаштагови е Берн, Швајцарија која е најзастапена пак како земја во оваа категорија. Инаку малото гратче кое надолжно и попречно може да го прошетате за 20тина минути, нуди топол пријателски амбиент и една cozy атмосфера со популарна шопинг улица. Стариот средновековен град, подоцна покриен со барок кој е заштитен од Унеско е главната атракција на овој Главен град на Швајцарија кој воопшто ја нема познатата гужва на еден главен град.