4-ти Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка

4-ти Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка 29.03.2015

На 29 март 2015 година на падините на Попова Шапка ќе се одржи традиционалното четврто издание на велеслаломот за деца „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ во организација на МК Александар и СК Љуботен.

4_Memorijal_Karagjule_popova sapka 10 

Во 2012 година, МК Александар и СК Љуботен чиј член беше детскиот ски инструктор Стеве Илиески – Караѓуле (1965-2011) започнаа со организација на меморијален натпревар во негова чест и сеќавање. На првиот натпревар учествуваа 74 деца од повеќе македонски клубови, но и деца кои земаа самостојно учество. Одличниот одзив од првото издание придонесе во 2013 година за прв пат да учествуваат младите скијачи од Црна Гора,со што Меморијалот го доби предзнакот меѓународен, а вкупниот број на учесници достигна до 90. На последното издание во 2014 година за прв пат имаше троцифрен број на учесници, точно 100 од Црна Гора, Србија, Косово и Македонија. Во сите 10 категории имаше одлични борби за првото место, а малите виртуози на скии ги заслужија сите аплаузи од публиката.

Четврто издание на велеслаломот за деца од 5 до 15 години „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ ќе се одржи на 29 март 2015 година на падините на Попова Шапка на патеката Пионерско брдо. Според програмата стартната листа ќе се одреди ден порано, на 28 март од 18:30 часот во Конак – Попова Шапка, огледот на патеката е закажан за 29 март од 9 часот, а првиот натпреварувач ќе стартува во 10:00 часот. За најдобрите тројца во секоја категорија се предвидени медали и дипломи, а сите натпреварувачи ќе добијат благодарници за учество. На крајот ќе се доделат и пехарите во знак на сеќавање на Стеве Илиески – Караѓуле.

Пријавувањето и сите информации околу учеството на натпреварот може да се добијат на електронските адреси: katz@pungas.com или gsinadinovski@yahoo.com

4_Memorijal_Karagjule_popova sapka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки