23 Ноември – Титов Врв

ПСД Макпетрол организира искачување на Титов Врв,

ПРОГРАМА: поаѓање на 23.11.2014 во 5 ч. зборно место бензиска на Макпетрол на излез од Скопје, Ѓорче Петров, пред мостот на влез во Сарај. Ќе се оди од Попова Шапка преку Церипашина по зимската патека. Турата е исклучително напорна, долга е 20 км во двата правци со 1850 м.D+. деновиве ќе има снежни врнежи и паѓање на температурите така што акцијата може да биде од зимски карактер. Враќањето е по истата патека. На Акцијата може да се пријават само планинари со добра кондиција и со потребна зимска опрема.

Превоз: Со сопствени возила

Задолжителна опрема: Планинарски кондури со тврд ѓон (предвидени за зимски тури), водо не пропусна облека (горна и долна), капа, поткапа, по два пара
ракавици и резервни чорапи, гамашни, планинарски стапови или цепин.

Храна:Од ранец, секој носи по содржина и количина онолку колку што му се потребни за еднодневна тура на планина + малку за резерва. Течности 2 л.

Пријавување: e-mail: pgerasimov@yahoo.com или фб контакт Petar Gerasimov

Shar planina Titov vrv

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки