ПСД Макпетрол организира, следи го настанот
Закопане е највисокиот град во Полска. Градот лежи на надморска височина од 750-1126 м. Има околу 30.000 жители. Во Закопане има шест музеи и пет галерии. Но најпознат е како ски центар од светски ранг. Во него се одржани многу светски првенства во класично скијање, во биатлон, во лизгање, во ски скокови и др. Заедно со Краков и со ски центарот Јасна во Словачка Закопане прави напори да биде домаќин на зимските олимписки игри во 2022 година.
ПРОГРАМА:
05 јануари 2018 (петок) – Во 17:30ч. поаѓање од Скопје – железничка станица паркинг пред Пошта. Ноќно возење кон Закопане со попатни паузи.
06 јануари 2018 (сабота) – Пристигнување во Закопане околу пладне. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можна посета на аква парк. Ноќевање.
07 – 12 јануари 2018 – Престој во Закопане.
13 јануари 2018 (сабота) – Доручек. По доручекот се одјавуваме од хотелот и до 18ч. го користиме времето за скијање или други активности. Во 18ч. заминување за Македонија.
14 јануари 2018 (недела) – Пристигнување во Скопје во раните попладневни часови.
ЦЕНА – 225 евра.
Во цената е пресметано: превоз со автобус / минибус, 7 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди, организација и реализација на патувањето. Можна е доплата за 7 вечери – 45 евра. Хотелот е во тесното централно подрачје на Закопане.
Во цената не е пресметано: патничко осигурување, ски билети, и се она што не е предвидено со програмата.
ПРИЈАВУВАЊЕ – по mail, на состаноци на друштвото или на телефон: 070 725-880 / 070 200-506. ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА до пополнување на местата во превозното средство.
НАПОМЕНА – за реализацијата на програмата потребна е група од 45 / 25 особи.
ВОДИЧ – Никола Доновски
skimacedonia

