Швајцарија ќе тестира план за повторно замрзнување на Арктикот

Научни размислувања

Група физичари објавија план за повторно замрзнување на Арктикот со инсталирање на пумпи кои се напојуваат на ветер кои би го надополнувале намалувањето на мразот.

spray-snow_1024 arctic

Иако никој не верува во реализирањето на ваков предлог, истражувачи во Швајцарија започнаа проба за да видат дали е тоа извдливо на нивните глечери преку лето со помош на машини за снег.

Ако тимот успее во своите планови за време на најтоплите месеци во годината, постои надеж дека техниката може да се примени и на најголемиот природен глечер на земјата, Мортерач. Тој е еден од најмасивните глечери на источните Алпи, но поради температурите се повлекува и губи од 30 до 40 метри секоја година.

На почетокот на годинава, тим воден од  Стивен Деш, физичар од универзитет во Аризона, објавиле извештај за тоа како милиони пумпи, напојувани од ветер може да се создаде 1 метар дополнителен мраз. Иако ова не звучи многу, тоа би било како да се врати времето назад за 17 години.

Единствениот проблем е тоа што за да се изврши целата операција и да се покрие целиот простор потребни се 100 милиони вакви пумпи, а за да се изработат тие потребно е повеќе челик отколку што САД произведува во текот на целата година.

Освен тоа, веројатно е дека еден ваков проект нема од кого да биде финансиран, иако помалата верзија во Швајцарија се очекува да се изведи.

Експертот за глечери Јоханес Орлеманс од Холандија пресметал дека за Швајцарскиот глечер ќе бидат потребни околу 4000 вакви машини, кои би помогнале тој да престане да се повлекува и да почне да се возобновува.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки