Следи го настанот
ДПС Трансверзалец од Скопје на ден 25.06.2017 година (недела) ќе го организира Планинскиот Велосипедски Маратон „ШАРСКИ ВОДИ 2017“ велосипедска манифестација која е од рекреативен и натпреварувачки карактер.
Маратонот како и секоја година традиционално се одржува последниот викенд од месец Јуни. Планинско – Велосипедска патека: ПОПОВА ШАПКА – МАВРОВО – ВРУТОК.
Програма:
Старт: Планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка во 7,00 часот на 25.06.2017 г.
Патека: Велосипедска патека по текот на Шарски води за голем маратон во должина од 98 км, а за мал маратон 75 км, со висинска разлика од 800 метри во времетраење од 8 до 10 часа обезбедена со три контролни точки и обележана со патокази.
Цел: Вруток,Изворите на Реката Вардар. Отворена трка до 19,00 часот каде што ќе има културно забавна програма и ручек гравче.
Стартнина: Стартнината ќе биде определена наскоро, посебно за малиот и големиот маратон
Превоз: Од Скопје (Пошта- Железничка станица во 5,00 часот) до Попова Шапка и назад од Вруток до Скопје. Цена: 600 денари, заедно со велосипед.
Опрема: Добро опремен велосипед, алат, за гуми треба внатрешни резервни, пумпа и кацига.
Напомена: Право на учество има секој кој се чувствува здрав и способен за ваков предизвик и учествува на своја одговорност. Организаторот не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници кои не ја платиле гореспоменатата партиципација.
За учество на овој маратон обврзани сте да ги платите горенаведените цени (за превоз и старт) по учесник во рамките на кој организаторот обезбедува:
– Организирано водење и обезбедена велосипедска патека
– Културно забавна програма (ручек планинарско гравче).
Можност за ноќевање во Планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка по цена од 300 денари.
Пријавување и плаќање до 22.06.2017 година (заради обезбедување на камион и автобуси).
Конакт телефони: +389 3 221 350, Зоран Костадинов +389 70 641 998.
Email: transverzalec@t.mk, transverzalec@gmail.com
skimacedonia
