Тура до Осогово, Царев Врв и Калин Камен #get inspired

carev vrv kalin kamen osogovo

Еднодневна отворена акција на I Love Hiking по Осоговсиот масив. Турата е за сите категории на уживатели кои сакаат да се прошетаат и да се наполнат со позитивна енергија, од почетници до страствени уживатели од сите возрасти. Целта на овој евент е дружба, запознавање на нови потенцијални тимски играчи, малку одмор од напорните тури и пред се запознавање со стариот масив на Осогово, преку двата врва Царев Врв 2085 мнв. и Калин Камен 1884 мнв со нивните знаменитости.

Искачувањето на Царев Врв на Осоговски планини е 18 км во двата правци. Патеката спаѓа во средни според тежината. Само поради должината. Искачувањето започнува некаде од 1400 мнв и треба да се совлада висинска разлика од 684 мнв . Што е многу малку.
Значи турата е долга и цело време одиме на голема висина без некои сериозни искачувања. Висината дава поглед и уживање. Денот ветува, без ветер, троа сонце и облаци. Искачувањето и спуштањето се одвива по иста патека, секој може да остане на патеката каде сака и да го собереме по патот за назад.

Тргнување од Скопје – Железничка Станица кај Пошта 2 во 06:00 часот во сабота ( дојдете 10 мин порано )
Пријавување кај:
Алекс 070 382 751
Хари 077-743 599
Дејан 071 212 808
Цената на организираниот превоз со комбе е 350 ден по човек, за деца помали од 14 год , попуст од 30%.
Пријавување и плаќање најдоцна до Петок 17:00 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња. (облекување во слоеви)

ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот I Love Hiking и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки