Сплитборд К2 Kwicker

Иако сплитбордот е ретка појава кај нас, веќе годинин наназад не се новост. На почетокот на деведесетите е измислен сплитбордот со цел да се олесни искачувањето по угорници еден вид сличност со турно скијање кое не ви го одзема задоволството за надоле сепак да се спуштате на сноуборд.

splitboard_k2_kwicker_139449

На сплитборд се употребуваат везови слични на класичните кои се нешто потешки од нормалните и комплицирани за употреба. Во таа насока К2 имаат конструирано целосно нов систем под името Kwicker врз база на скоро заборавените step-in системи. Кај Kwicker-от има посебно изработени чизми модел Stark кои имаат вграден додаток (копче) кое едноставно се спојува со везот.

К2 тврдат дека се работи за најлесниот и најбрз сплитборд систем на светот, но цената на овој модел заедно со чизмите е повеќе од  1000 евра.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки