Снег во Австрија: Како е низ ски центрите после екстремното невреме кое ги погоди Алпите

Снег во Австрија: Како е низ ски центите после екстремното невреме кое ги погоди Алпите

Во Австрија рекордни снежни врнежи , илјадници заробени во неколку ски центри преку ноќ. Се очекува снежните наноси да продолжат но со намален инстензитет.

austria1

Додека го пишуваме текстов низ Австрија во некои региони има повеќе од 3.5 метри снег.

“Белото злато е најопасното злато” велат инструкторите за скијање во ски школа во Zell am See во контекст на неверојатното и застрашувачко ниво на снежни врнежи што доведе до жртви и бројни опасности изминатите неколку дена.

Од новогодишната ноќ има без преседан високо ниво на врнежи, речиси 3 метра снежна покривка. Додека некои скијачи се забавуваат на снегот во услови големи наноси, имаше жртви низ неколку региони предизвикани од невремето. Тројца Германци беа пронајдени  после лавина со што вкупниот број на жртви низ Европа достигна бројка од најмалку 24.

Минатата недела, властите во Австрија издадоа тревога од највисоко ниво за ризик од лавини.

Во интервју на 23-годишна ски инструкторка, Sofie Moulvad од Zell am See таа ја доловува ситуацијата. “Снежниот бран ја погоди Австрија и Германија и свесна сум за ризикот кој го носи големиот снег, додека падините се прекрасни за уживање , ризикот од лавина е голем и е навистина страшно.”

Пред да се пресели во Австрија, Moulvad работела како инструктор три години во Hokkaido, Јапонскиот северен остров. Hokkaido има снежни наноси и до 6 метри годишно што го прави едно од местата со најдобри услови за powder скијање во светот. Ова и е втора сезона во Zell am See, каде има од 100-240cm  снегот on-piste зависно од висината на терените.

Вакво нешто не е видено на Алпите,” вели таа. ‘Ова е како Јапонија, снежно лудило.” Повеќе личи на Јапонија отколку на Алпи бидејќи имавме неверојатно ниво на снег. Многу непријатно кога слушаме за лавините близу нас. ”

И покрај тоа што скијањето на длабок, свеж снег, што е налик на пловење или сурфање по бранови е супер забавно, Moulvad објаснува зошто опасностите не смеат да се занемарат и зошто снегот има ограничен безбеден терен и контроли од лавина.

“Сите се претпазливи бидејќи на падините кои вообичаено се безбедни места за скијање, сега се ризични од лавина. Добивме наредба од страна на теренските патроли и ски школи, апсолутно никакво скијање оff-piste.” Ски центарот Obergurgl беше непристапен неделава бидејќи снегот ги попречи напорите за пробивање на патиштата, согласно спортскио информативниот сајт, Planet Ski.

austria

Во Швајцарија, ски центарот Andermatt има исто така рекордно ниво на снег.

Фрирајд зоната Engelberg  има над 230cm снег според Planet Ski snow report.

“Во добар ден условите на снегот се неверојатни,” вели Iliffe. “има лесен powder кој буквално стига до половината додека скијаш надоле по падините.”

За разлика од другите ски центри, Andermatt и покрај неколку затворени лифтови нема преголема фреквенција на патеките, вели Iliffe. “. Неверојатно е што секое возење оставаш свежи траги на патеката” Ски центарот обезбедува безбедни услови за скијање.”

Совет за скијачите кои доаѓаат во Австрија е дека  нема причина да се откажуваат. “Ски патролите се обидуваат да го држат најголем дел од ски центарот отворен колку е можно. Има лимитирано скијање, но сите си поминаваат прекрасно.  Скијањето е неверојатно, особено во Австрија.”

Повеќето центри ги советуваат скијачите да останат во рамките на обележаните ски патеки и доколку некоја патека е затворена, тогаш воопшто да не се пробува да се скија.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки