Швајцарскиот глечер Saas Fee денес, таму тековно функционира борбата за одржување на стазите во лето. Глечерска зона на Saas Fee, Allalin е пристапна преку подземна гондола и работи до крајот на октомври. За време на летниот работен термин, лифтовите отвараат од 7:30 но за да стигнете до таму ви треба повеќе од еден час, па затоа пожелно е да се станува рано за да се фати добра температура на снегот. Располага со 20 км патеки повеќето за напредно скијање, а делумно е популарен за тренинг на тимови од алпско и фристајл скијање. Снежниот парк процветува повторно во лето за време на организирани натпревари проследени со забави. Цената на картата во лето зависно од тоа во која зона сакат да скијате, се движи до 65 евра по ден за возрасни.


skimacedonia