МТВ Up hill Водно – Скопје 2015 29.03 12:00

МТВ Up hill Водно – Скопје 2015

Пропозиции

Организатор: Велосипедски Клуб ”Енерџи” од Скопје, Велосипедска Федерација на Македонија

Трка за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија во Планински Велосипедизам

Место: Скопје Населба Капиштец(чистилиште) над црквата Св. Јован крстител

Старт: Недела 29.03.2015

Стартот ќе биде во 12 часот над црквата Св. Јован крстител

Категории: Елит, Јуниори, Кадети, Жени, Мастерс и Хоби

Патека: Должина на патеката 2,3 км

Сите категории ја возат истата патека и должина. Натпреварувачите ќе стартуваат со 1 мин. разлика.

Стартот ке биде по следниот редослед:

Елит, Јуниори ,Мастерс, Кадети, Жени, Хоби

Пријавување: На официјалниот маил: info@energi-cycling.mk или на телефонот 02 3231 772

Пријавување на самата стартно целна рамнина од 10:00- 11:30ч.

Би ве замолиле пријавувањето да биде најдоцна до петок 27/03/2015 за да можеме да ја изработиме стартната листа.

Право на учество имаат сите што имаат исправен велосипед и соодветна опрема.

Напомена: Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност и мора да има заштитна кацига.

Награди и прогласување: Организаторот обезбедува медали за првопласираните. Прогласувањето ќе се одржи на паркингот од хотелот Водно.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки