Маврово – Државно првенство во СКИЈАЊЕ за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција

ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА МАКЕДОНИЈА –  MACEDONIAN SCHOOL SPORT FEDERATION

Градски парк бб. Кошаркарска сала Работнички, П.Фах. 5, 100 Скопје, тел./факс +389 (0) 2 31 16 824

Web page: http://www.fusmak.org.mk  E- mail: fusmakkontakt@yahoo.com

Ве известуваме дека Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Ски клубот Сноу Спорт и Скијачката Федерација на Македонија, ќе одржи Државно првенство во СКИЈАЊЕ за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.

Државното првенство во ќе се одржи на 25.03.2015  година (ПЕТОК) во МАВРОВО,

(зборно место ТРИФКОВА КОЛИБА) по следната саатница:

09,00 —————— Пристигнување и извлекување
10,00———————— Почеток на натпреварот

Возрасни категории:

  1. Одделенска настава (прво,второ и трето одделение) – машки и женски.
  2. Одделенска настава (четврто и петто одделение) – машки и женски.
  • Шесто и седмо одделение – машки и женски.
  1. Oсмо и деветто одделение – машки и женски.
  2. Прва и втора година средно училиште – машки и женски.
  3. Трета и четврта година средно училиште – машки и женски.

ПРАВО НА УЧЕСТВО: Основни училишта родени 2000 и помлади.

                                         Средни училишта родени 1996 и помлади.

Натпреварите ќе се одржат во ВЕЛЕСЛАЛОМ и право да учествува има секој општински центар со  натпреварувачи во секоја категорија. Ски картите се на терет на учесниците по цена од 400.оо денари.

Сите натпреварувачи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна капа (кацига). На натпреварувачите без кацига нема да им се дозволи да се натпреваруваат. Поради избегнување на гужва на првенството пожелно е пријавата за учество да се достави по електронски пат на e-mail vvintersport@gmail.com најдоцна до 24.03.2016 г.

Пријави на лице место нема да се примаат.

Пријавата преба да содржи име и презиме на ученикот, категорија во која се натпреварува, име на училиште и професор водач на учениците. Првопласираните учесници (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома, а професорите дипломи за учество.

Телефони за контакт ГОЦЕ ПЕТКОВ 070/229-229 и во ФУСМ.

Натпреварувачка комисија на ФУСМ

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки