Лука Божиновски не успеа да ја заврши трката во супервелеслалом. Лука имаше многу добро возење (со околу 2 сек. заостанување на второто мерно време), но на само неколку капии пред целта не успеа да се задржи на патеката и остана без пласман. Утре е можност за ново докажување на Лука во комбинација.
Нашиот преставник во Нордиско трчање, Ставре Јада заврши како 43-то пласиран во дисциплината крос-кантри слободно. Јада, постигна време од 03:39:99, што беше за 38,54 секунди послабо од најдобриот во квалификациите, Јужнокореецот Магнус Ким и не успеа да биде меѓу најдобрите 30.
skimacedonia
