I love hiking – Уште една од оние тури каде имате повеќе опции, кој да каде сака може да се качи, секоја екипа може да си го помине времето како сака, за да си ја направите вие турата да ви биде убава и лесна. Првата етапа на турата е една од најлесните тури за почетници, додека 2-от дел е каменест ( видете слика подолу ) и се препорачува строго да се движите со планинарски чевли.
Еве како иде хајкингот:
На ден 03.04.2016 недела во 07:00 часот тргаме од Железничка станица со автобусот со број 60. (може да дојдете и со коли) .
Се приклучуваме кон хуманитарниот проектот на Let’s do it Macedonia – Ајде Македонија исчисти ја Матка. Ќе имаме чистење на целиот тој дел кој ќе го одиме. ( кој сака да се приклучи )
Почеток на хајкингот е од кафеаната Мечкина дупка по маркирана патека се движиме до црквата Свети Спас кое е многу добро излетничко место. (1:30 часа движење.)
Некои кои сакаат можат да се задржат и на Св.Недела која е погоре во карпите.
Од тука по патеката на “Васка” одиме до резерватот Јасен. (1 час движење) по тазе маркирана стаза ( видете фото долу)
По маркираната патека покрај ограда на Јасен се упатуваме кон врвот Раса 1359 мнв кој се наоѓа на билото Ивање. Уште (1:30 мин. движење)
Горе на планината е време за Јаглика така што земете си книжни кеси (по можност) да си наберете од најубавиот чај- што го нуди овоj период.
Целата патека е средно-тешка, и се препорачува за луѓе што не се улежани.
Се препорачува :Планинарски чевли, Планинарски стапчиња, долги пантолони ( хеланки ) – затоа што ќе имате контакт со суви гранки и смреки.
Враќање:
Од врвот Раса во 15:00 часот
Од с.Недела 16:00 часот
Од с.Спас во 16:30 часот
Ова се последните времиња за враќање кон Скопје.
Можете да си ги донесете и кучињата на излет.
И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НЕМА НИШТО ЛЕСНО ! СЕ Е ТЕШКО ВО ЖИВТОТ ТАКА Е И ПЛАНИНАРЕЊЕТО !
ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи ( Вода нема по патот,)
НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки
skimacedonia

