Кратки книжевни форми, 25-26 октомври 2014

Работилница на која ќе се пишуваат и презентираат различни видови кратки форми на изразување меѓу кои кратки песни и каде авторите ќе имаат можност да се соберат на едно прекрасно место заедно да работат, да се инспирираат, творат, пишуваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата.

На работилницата ќе учествуваат Перо Сарџоски кој ќе изведе кратка работилница за преведување на поезија со осврт на техниките и нивоата на преводна еквиваленција при преведување на поезија од Ацо Шопов, потоа Васко Марковски со работилницата „Скриеното хаику“ на Орхан Вели, а Бобан Ристевски ќе има предавање „Мојот свет на окултизам“ на тема магијата во книжевноста и музиката. Учесници на овој креативен викенд покрај предавачите ќе бидат и Даниел Карески, Искра Донева, Олгица Станковска, Фросина Стојковска, Игор Ивановски, Живко Гроздановски. Координатори на проектот се Снежана Стојчевска и Тони Димитров, а домаќин Јован Ламбески.

-Во моментов, македонската поетска сцена е во процес на оформување и созревање. Во такви услови потребата од собири каде ќе се пишува и презентира е и повеќе од потребна. Вмрежувањето помеѓу млади и надоаѓачки поети како и оние кои се веќе подолго време присутни на сцената и нивна взаемна соработка и размена на искуства е нужност. Ова е еден чекор кон креирање на своевидна поетска заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина – велат иницијаторите на „Креативен викенд“

10603958_807614425962848_4774486223240896295_o

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки