Кралскиот пат

15036449_Shar mountain shar planina
Шар Планина – Рамадан Абдиу

Следи го настанот

Конечно, дојде време за долгоочекуваниот Кралски пат – тура која не се прави често бидејќи местото го знаат малкумина.
За жал, наскоро пределот ќе биде разрушен поради тоа што се планира изградба на хидроцентрала (бевме сведоци на мерења), така што ова е, можеби, последна шанса да се види недопрената природа во овој крај.
Зошто го нарекуваат Кралскиот пат?
Патот се споменува уште во турските патеписи, но за време на Кралството СХС бил уреден и проширен, па оттука го добил и името Кралски. Патот бил направен за да обезбеди патна врска помеѓу Тетово и Призрен со цел да се избегне кружењето околу цела Шар Планина.

ОПИС НА ТУРАТА:
– Турата почнува од градот Тетово, од каде што го следиме течението на реката Пена. Најголем дел од патот се движиме по самиот тек на реката, а потоа поминуваме низ кањон и прастара елова шума, што значи дека ќе бидеме сведоци на прекрасни пејзажи. Крајот на турата е во викенд-населбата Попова Шапка, каде што ќе не чека превозот.
– Тетово (480 мнв.) – с. Бродец (988 мнв.) – во првиот дел од турата се совладуваат 600 метри висинска разлика (колку Водно). Овој дел од патеката не е тежок, а природата е особено живописна (кањони, река, дивина).
– с. Бродец (988 мнв) – Попова Шапка (2010 мнв, највисока точка на искачување) – во овој дел од патеката има напорно искачување и совладување на 1000 мнв, што ја прави турата тешка. Но, фактот дека поминуваме низ шума со прастари ели, какви што се гледаат само на филмови, и тоа што ќе имаме целодневно дружење, смеење и запознавање, прават Кралскиот пат да биде убава напорна тура 🙂
-Целата тура е 20 км. со висинска разлика од 1800 метри ( вкупно спуштање/ качување )
-Стартот од Тетово е тогаш кога ќе пристигне превозот од Скопје

*** Оваа акција е добар тренинг за летните алпски авантури ***

ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
– Цената за превоз по лице е 450 денари.
– Бројот на учесници е ограничен на 50.
– Плаќање најдоцна до Сабота (22. април) или до пополнување на местата.
– Алекс 070 – 382 751
– Дејан ✆ 071-212 808
– Поаѓање од пошта 2 на Железничка станица – Скопје во 06:00 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
– високи разгазени зимски чевли и гамашни;
– зимска топла облека која штити од дожд и ветер;
– зимски ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви;
– резервни чевли и чорапи кои ги оставате во комбе.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки