Пред сите натпревари од Светскиот куп во Алпско скијање, се пуштаат таканаречените forerunners “претходници” , на кои единствена задача им е финален тест проба на патеката, проценка на недостатоци и забелешки пред да стартуваат натпреварувачите. Ништо не се остава на случајноста, ниту пак се импровизира, колку и да изгледа неважно, при проверка и на најситни детали, одлука на судија, директор на трка итн. Инаку, претходницата е сочинета од искусни скијачи, натпреварувачи кои не се дел од натпреварите, а воедно како што и самите кажуваат, “ја тестираме и учиме патеката и си го споредуваме времето со најдобрите”.
skimacedonia