Западна Македонска Трансверзала/ Western Macedonian Traverse

prva makedonska transverzala

ЗАПАДНА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА или ПРВАТА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА е планинарска патека која се протега од Љуботен до Охрид. По своите карактеристики тоа е најдолгата планинарска патека во Македонија, а веројатно е и една од потешките планинарски патеки од овој тип во Европа.

Ги покануваме планинарите и планинарските друштва да земат учество во организираното поминување на Западната Македонска Трансверзала кое ќе се одржи во периодот од 06.07.2019 до 14.07.2019 година предводено од водичи од ДПС Трансверзалец – Скопје.

• На 06.07.2019 г во 12ч. планинарите се собираат на паркингот на Железничка Станица – Пошта во Скопје. Организиран е превоз од Железничка Станица- Пошта во Скопје до Ново Село.
• Стартот на Трансверзалата е наредниот ден на 07.07.2019 г. во 06,00 часот, од Планинарски дом „Љуботен“.
• Стартнината изнесува 30 Евра по учесник. Уплата на Стартнина може да се изврши на Жиро сметка 300000000307817 Комерцијална Банка АД Скопје.
• Дневник за Трансверзалата може да обезбедите по цена 10 Евра.

*Зависно од пргнозата на времето датумот на старт може да се помести ден или два од наведениот датум. Доколу дојде до промена сите пријавени ќе бидат навремено известени.

Основни Информации за Патеката

Патеката е поставена 1975 година од група планинари од Планинарското друштво „Елема“ при Електро-Машинскиот факултет во Скопје. Во текот на неколку години патеката претрпе некои корекции и конечната варијанта е поставена во 1982/83 година, а нејзиното промовирање е во јули 1985г.

Трансверзалата поминува низ цела Западна Македонија, преку масивите на Шар Планина, Рудока, Враца, Бистра, Стогово, преку Караорман се до Охрид, во вкупна должина од 225 километри.

Карактеристика на првата половина од патеката покрај релативно големата надморска височина, најниската точка е на 2100 м.н.в., се и повеќе планински езера, кои на Шар Планина ги има 15, а непосредно се поминува покрај 5 од нив. Во овие предели често претстојуваат и групи ботаничари, привлечен од растителниот свет кој успева само во овие предели.

Вториот дел од патеката ја карактеризираат шумските предели и брзи планински реки кои во каскади се спуштаат низ падините формирајќу безброј водопади. Веројатно најинтересни се селата низ кои се минува со стара македонска, мијачка архитектура специфична за овој дел на Балканот. Како круна на се е прекрасното Охридско езеро и градот Охрид, со своите многубројни цркви од Византискиот период, а и подоцна, со богато фрескосликарство. За овој град се врзани првиот универзитет и почетоците на Словенската писменост и култура во светот.

Сместувањето на последниот ден од Трансверзалата е во Извидничкиот камп населба Даљан во Охрид.
Оваа планинска Трансверзала е сплет на природните убавини и културно-историски знаменитости на Р. Македонија и овозможува несекојдневно планинарско искуство.

Карактеристики на патека и подготовка:

Носете храна за четири дена и комплетна бивак опрема. Патеката е близу 225 км, со просечна височина од 2200 м.н.в. во првите четири дена, заради тоа посебно водете сметка опремата која ја носите да е комплетна но не ПРЕТЕШКА.
Првите пет дена после планинарскиот дом Љуботен до Маврово нема можност за набавка на храна.
Вкупната висинска разлика која се поминува од почеток до крај на патеката е 6000 метри.
Се оди 7-9 часа дневно ефективно, со вклучени паузи околу 10 часа дневно.
На 13, 20 и 27.06.2019 година,пред тргање во просториите на нашето Друштво со почеток од 19 часот ќе одржиме состаноци за заинтересираните учесници за подетални упатста за потребни припреми и потребна опрема за поминување на патеката.Инаку секој четврток со почеток од 19 часот нашето друштво има состанок така да може да се дојде и да се добијат подетални информации за поминување на Трансверзалата.

Пријавување најдоцна до 20.06.2019

Контакт лице: Божиновски Мијалчо +389 70 234 475
Пријавување на e-mail: transverzalec@t.mk и transverzalec@gmail.com

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Имам прашање, Западната Македонска Трансверзала обележена ли е во теренот, во планините? Можно ли е да одам без екскурзија?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки