Со селекција од својата програма, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија.
Продолжуваме со Битола!
Во соработка со ПСК „Димитар Илиевски – Мурато“ од Битола, на 29ти февруари (Понеделник), со почеток во 19 часот, Ехо ќе проектира дел од својата програма во малата сала во НУ Центар за култура – Битола.
Програмата ќе биде објавена на 24ти февруари (Среда).
skimacedonia
