Еден загинат од лавина во Хинтертукс

Двајца турно скијачи,мажи на возраст од 44 и 25 години, вчера биле зафатени од лавина во Хинтертукс.

Лавината ја предизвикале самите при турното искачување на многу стрмен терен.

Спасувачките единици успеале да спасат еден од скијачите кој за среќа бил затрупан делумно, но за помладиот скијач помошта пристигнала предоцна.

Потрагата траела со часови, 25 годишниот австриец со себе не носел лавински трекер и на спасувачите им требало долго време за да го пронајдат.

Викендов некои делови од алпите беа зафатени од снежни врнежи кои ќе продолжат и во текот на наредните денови. Ова е прв несреќен случај сезонава.

19676-w800 19677-w800

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки