Американката Линдзи Вон по паѓање на трката во супервелеслалом во Шладминг на Светското првенство ги повреди лигаментите на десното колено. За неа ова значи и крај на сезоната и нема да биде во можност да го брани „Кристалниот глобус“ освоен мината година, а за Вон завршија и натпреварите од Светското првенство. Се очекува паузата да биде околу шест месеци. И покрај повредата, на социјалните мрежи објави дека не го намалува интензитетот на тренинзите.
skimacedonia


