Снежна лавина затрупала поголема група скијачи во француски, Тињес. Неколку лица се наоѓаат под снегот, а спасувачката акција е во тек, пренесуваат светските агенции.
Несреќата, како што објавија регионалните власти, се случила во утринските часови. Спасувачите не можеле да ја користат помошта од хеликоптерите поради лошата видливост. По несреќата скијачкиот центар бил затворен за скијање.
Британски The Guardian наведува дека необично е што лавината ја погодила скијачката патека, бидејќи патеките редовно се одржуваат, а лавините се случуваат надвор од нив каде што снегот е помалку стабилен.
Минатиот месец четворица скијачи настрадаа на истото место кога лавината ги погоди додека беа вон скијачката патека. Тогаш властите соопштија дека настраданите ја предизвикале лавината, бидејќи се движеле во дел каде што не требало да бидат.
#Tignes https://t.co/mVL5XKcK2e
— Raphael LEGENDRE (@LEGENRA) March 7, 2017
skimacedonia
