врв Лисец 1527 мнв – Кратово

lisec kratovoОтворена еднодневна организирана тура на врвот Лисец 1527 мнв – Кратово.
Турата е во зимски период, и е за сите оние кои не искусиле снегче оваа година. Турава е за ПОЧЕТНИЦИ кои имаат опрема за движење во зима. Целта на оваа акција е дружење и пренесување на искуствата за планинарењето и здравиот начин на живеење.
Тргнувањето е од селото Псача кое се наоѓа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. Одењето во еден правец изнесува најмногу 3 часа и изнесува 6 км во еден правец.
Вода попатно нема, за да се наполни треба да се скршне од патот 15 мин и се оди по лош терен, така што носете најмалку1,5L .
Ќе се обидеме да се организираме со коли. Кој има кола нека пријави . Доколку има повеќе од 20 заинтересирани тогаш одиме со организиран превоз кој чини 300 ден по човек.

Пријавување кај Алекс 070 382 751 и Дејан 071 212 808
Тргнувањето е од пошта 2 на Железничка Станица во 06:00 часот , планирано спуштање од врвот е во 15:00 часот и со застанување на по едно пиво некаде ( по договор )

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња. (облекување во слоеви)

ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки