Во несреќен случај планинарот и алпинист Ивица Митровски загина утринава додека искачувал на познатата рута меѓу качувачите на карпи, Новогодишен гребен во кањонот Матка.
Според изјавите од очевидици, вработени како обезбедувањето на хидроцентралата Матка бил забележан како паѓа од голема височина, додека се искачувал по карпите.
Повредениот Ивица неколку часа подоцна почина на Ургентниот центар во Скопје – на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Ивица Митровски беше долгогодишен планинар и нивен редовен посетител, дел од многу искачувања, ќе остане запаметен како лицето со постојана насмевка и ведрина, пријател и подадена рака меѓу планинарската заедница. Тој неодамна беше дел од експедицијата на клубот Анапурна со која беа искачени неколку највисоки врвови на Кавказ.
Рутата, Новогодишен гребен во кањонот Матка често од алпинистите се искачува без заштитна опрема, обезбедување и наврска, се смета за една од по безбедните но токму таа денес се покажа како смртоносна.
Почивај во мир вечно меѓу планините!
skimacedonia
