АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ НА ПЕЛИСТЕР

13391464_aj da vozime pelister

Golemo ezero Pelister (4)

Следи го настанот

Во организација на битолскиот вело клуб “Ај да возиме” оваа година ќе се одржи втората по ред планинска велосипедска дводневна тура низ прекрасниот Пелистер.  Стартот е во село Ротино на 09 Јули 2016 во 9:00ч, а пристигнување на Големо Езеро би требало да биде околу 15:00 часот. Сместување ќе биде овозможено во домот на Големо езеро и околу него со можност за поставување на шатори. Планирана е рекреативна забава од 16:00 до 23:00 часот.
Следниот ден на 10 Јули 2016, 09:00ч турата продолжува до највисокиот врв на Пелистер 2601 мнв. Потоа, спуст од врвот кон село Ротино по две патеки, едната лесна Cross-country патека и една Ендуро средно тешка патека.

rakan_fuji-bikes-banner
Ти треба точак?! Опреми се со квалитет…

Подоле во прилог неколкуте чекори за резервација

РЕЗЕРВАЦИИ НА ПАКЕТ
1.чекор
Име и Презиме на уплатувачот (доколку се резервира за повеќе лица нивните имиња и презимиња) и бројот на пакетот од подолу кој сте го избрале 1,2,3 итн. на ajdavozime@outlook или во инбокс на фб страната Aj da vozime na Pelister или на моб. 070 445 171

2.чекор
Уплата на жиро сметката на Ај да возиме 290-000001883306-ТТК банка во Цел на дознака го пишувате бројот на пакет кој сте го одбрале пр. Пакет број 1 / Име и Презиме

3.чекор
По евидентираната уплата од наша страна добивате конфирмација на резервацијата на маилот или на инбокс пораката со број на ваучер кој го подигате на лице место пред почетокот на настанот на обележан штанд ај да возиме во с.Ротино…
НАПОМЕНА:
– Настанот нема котизација, учевствува секој кој се чувствува психо-физички спремен за турата.
– Бројот на пакетите е ограничен и ќе се делат по принцип прв пријавен-прв резервиран по евидентираната уплата и конфирмација од наша страна
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на кацига и секој велосипед мора да биде во исправна состојба.

Погледни ја мапата:
Прв ден: https://www.bikemap.net/en/route/3585726-prv-den-iskacuvanje-srotino-golemo-ezero/

Втор ден:https://www.bikemap.net/en/route/3585759-vtor-den-golemo-ezero-pelister-vrv-rotino/

13450920_Aj da vozime Pelister 13466231_Aj da vozime Pelister 13450786_Aj da vozime Pelister 13445608_Aj da vozime Pelister 13494971_Aj da vozime Pelister

 

 

rakan_fuji-bikes-banner
Опреми се со квалитет


За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки