Француските спасувачи ги пронајдоа телата на тројцата алпинисти кои загинаа во лавина на Мон Блан на Француските алпи.
Во несреќата загина две алпинистки, една (32) од Словачка, другата (33) од Полска, како и нивниот германски водич (50).
Тие се искачуваа на врвот Монт Маудит, висок 4.100 метри, кога во вторникот настрадаа во лавина.
Изминале дури 36 часа до првиот повик за аларм.
Масивот на Монт Блан е популарен помеѓу планинарите, годинава неколку македонски тимови се искачија на самиот Монт Блан висок 4810 метри, но масивот е прилично опасен и годишно го зема данокот со околу 50на загинати.
skimacedonia
