МК / 14-то издание на најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се одржи на 6 мај 2018.
На програмата се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.
Оние што во 2016 и 2017 година не си го искористија купонот за бесплатно учество (а биле пријавени учесници во 2015 во маратонската, полумаратонската трка или штафетниот маратон) може тоа да го направат за 2018 година. Како може да се искористи оваа бесплатна котизација ќе најдете на следниов линк
http://skopskimaraton.com.mk/kupon
Старт на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон е во 8.30 часот на 6 мај 2018.
Старт на трката на 5км е во 8.40 часот на 6 мај 2018.
Пријавувањето е отворено и ќе се одвива во 4 рокови.
Цени за регистрација за маратон и полумаратон:
– до 31 октомври 2017 / 900 ден.
– до 31 декември 2017 / 1.000 ден.
– до 28 февруари 2018 / 1.150 ден
– до 27 април 2018 (или додека не се пополнат предвидените места) / 1.300 ден.
.За извршена регистрација до 31 март 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата
Цени за регистрација за штафетен маратон (4 х 10,5 км), за цела екипа:
– до 31 октомври 2017 / 3.000 ден.
– до 31 декември 2017 / 3.400 ден.
– до 28 февруари 2018 / 3.800 ден.
– до 27 април 2018 (или додека не се пополнат предвидените места) / 4.200 ден.
За извршена регистрација до 31 март 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата
Цени за регистрација за трката на 5км:
– до 31 октомври 2017 / 350 ден.
– до 28 февруари 2018 / 400 ден.
– до 27 април 2018 (или додека не се пополнат предвидените места) / 450 ден.
За извршена регистрација до 31 март 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата
Секој учесник во трката добива и вредносен ваучер од 20 ЕУР од нашиот спонзор Виз Ер, повеќе информации на следниов линк http://skopskimaraton.com.mk/wizzvoucher
За повеќе информации околу содржината на стартните пакети и начинот на пријавување, на следниот линк
http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/
Подигањето на стартните пакети ќе биде на Маратон Експо на 4 и 5 мај, а локацијата ќе биде дополнително објавена.