Втора година за „НЕБЕСНАТА ТРКА” на Шара – SarPlaninaSkyRace

sarplaninaskyrace

Следи го настанот

32.6 km, 2620m D+

Во месец август пристигнува второто издание на „Шарпланински Скајрејс”. Трка која оваа година ќе се одржи обратно од минатиот правец стартувајќи од Старо Село во подножјето на Љуботен, а завршува во Штрпце, Косово.

Шарпланински Скајрејс претставува трка во планинско трчање кој спаѓа во танакаречениот Скајрејс формат според Интернационалната Скајранинг Федерација. Тука спаѓаат сите планински натпреварувања кои се подолги од 20 километри, а пократки од 30км, се одвиваат на висини повеќе од 2000 метри надморска висина и во целокупната содржина имаат делници кои се пострмни од 30%. Во превод, тоа се навистина екстремни и тешки натпреварувачки формати за кои е потребна одлична психо-физичка припрема.

Оваа година на 13 август 2016 по втор пат ќе се одржи во организација на српската Скајранинг Лига, ТREX Македонија и Бели Вук од Штрпце. Трката е од прекуграничен карактер, започнува од Старо Село на македонска страна, а крајот е во Косово со што секоја наредна година овој правец ќе се менува.

Минатат година на првото издание на трката македонските натпреварувачи имаа одлични резултати во натпреварувањето, а Марјан Бонев го зеде првото место во целокупна конкуренциjа со време од 4:30.

Оваа година трката ќе биде во должина од 32,5 километри и истата ќе има вкупна висинска разлика од 2650 D+/-. Стартот е во 8 часот од Старо Село, се качува до планинарскиот дом Љуботен, врвот Љуботен потоа се оди под сртот на Шара се до Ливадички врв и Пирибрег, а оттаму следи спуст до Брезовица и Штрпце.

За сите заинтересирани ова е потсетување дека рокот за пријавување трае до 20.07.2016, а котизацијата изнесува 12,5 евра. Пријавување ОВДЕ.

Детални информации на официјалниот веб SarplaninaSkyRace.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки