Македонскиот младински репрезентативен ски тим под водство на нашиот поранешен најдобар репрезентативец во алпско скијање, Антонио Ристевски, сега како селектор на скијачката репрезентација, во подготовки и тренинг сесии за престојната сезона. Заедно со повозрасните Виктор Петков и Мирко Лазаревски, друштво им прават и помала група категорија деца, чии тренер е Никола Панчевски. Тренинг сесиите се изведуваат во Австрија на Хинтертукс глечерот, центар кој нуди 365 дена снег, како и широк спектар на квалитетни услови за тренирање надвор од ски терените.