Полумаратон 21км
5км
1км детска трка
Деветта година по ред ќе се одржи полумаратонот 21км ,,Трчаме кон целта,,воедно ќе има и рекреативна трка на 4800 метри и детска трка 1км
Стартнина се наплаќа 200 денари,секој учесник добива маица и ланч пакет.
Старт детска трка 09.30ч
Старт полумаратон 10.00ч
Старт рекреативна трка 12.30.ч
Стартот на детската трка е пред паркот на езерата(МЗТ сала) и се трча во еден правец,финиш,мост близнак.
Стартот на рекреативната трка е кај мостот близнак,се трча до ПИОМ,се врти таму и се враќа назад до мост близнак,вкупна должина 4800 метри.
Стартот на полумаратонот 21км е кај мостот близнак,се трча до пред рибарската колиба и назад, кај мостот близнак се врти,ќе има 6 круга по 3500 метри,вкупна должина 21 095 метри,патеката е точно измерена со тркало за одредување точна должина,со комисија и потврда од Атлетска федерација на Македонија.
Натпреварувачите на 21км добиваат медал за учество,а најдобрите 10 добиваат парични награди,без разлика дали е прво машко или женско паричните награди ќе се поделат според најдобар резултат во зависност од вредноста на резултатот според светската атлетска таблица,пример,може да има 7 машки па 8 место да биде девојче,ама ако резултатот на девојчето повеќе вреди од првото машко,првото место ќе и припадне на девојчето,или може и 7 девојки да земат парични награди а само три машки или обратно,затоа се очекува да има борба за што подобро постигнато време,може пласманот да не донесе парична награда,
Ако има прашања,слободно пишете порака до организаторот или јавете се на 078 439 360 Перо Тодороски.
Неколку информации,за пријавувањето,паричните награди и стартот.
Пријавувањето ќе биде на ден 31 Март,1 Април од 12.00ч до 18.00ч и 2 Април од од 9.00ч до 15.00ч местото за пријавување ќе биде или трговски центар пред Њу Баланс или друго место,во зависност дали ќе ни дозволат пред Њу Баланс да се наплаќа котизацијата од 200 денари за подигнување на стартен број за право на учество.За атлетичарите и рекреативците од други градови пријавување преку маил или порака на ФБ,колку тркачи пријават толку треба да платат котизација,бидејќи ако пријават тркач а не дојде ќе остане неговиот ланч пакет,маица,диплома и медал( ако е за 21км не искористен медал)
Парични награди:
1.место 6000 денари
2.место 4000 денари
3.место 3000 денари
4.место 2000 денари
5.место 1000 денари
6.место 500 денари
7.место 500 денари
8.место 500 денари
9.место 500 денари
10. место 500 денари
Паричните награди ќе ги добијат најдобрите на 21км според таблицата без разлика машки и женски,најдобриот од двете категории ја добива првата награда,доколу во првите 7 места нема ниту едно девојче,8место,9 место и 10 место се резервирани за девојките или обратно,ако нема машки во првите 7.
првите тројца во рекреативната трка ќе добијат дипломи и медали и првопласираните пехари.
Децата од рекреативната трка на 1км ќе добијат подароци.
Kako moze da se prijavam i dali ima mesto za 21 kilometar