Деновиве се искористи малиот сончев џеб за да се ѕирне кон Кораб. Планината над 2200 метри веќе има 20-30 см прв слој снег. Врнежите периодов само ја дополнуваат планината, која веќе има амбиент да акумулира снег без да се топи. Слично е и во Шараскиот регион. Топлите слоеви на облека и зимска опрема се повеќе од задолжителни. Доколку движите во …
повеќе »Tag Archives: маврово
Ски центарот Маврово сезонава на најјако
Цела скијачка заедница е радосна кога се прави нешто ново, макар било тоа и нова чечкалица на маса. Мавровци се погрижија сезонава да биде поинаква од сите останати. Инсталацијата за заснежување е во напредна фаза, а првите вештачи снегулки се очекуваат во декември или барем тогаш кога и студот ќе биде соодветен. Заснежувањето на Едносед патеката, ќе го унапреди рекреативното …
повеќе »Balkan Rivers Tour – Ski Hut Gorica Маврово
Следи го линкот „Balkan Rivers Tour“, односно „Кајакарeње по балканските реки“ е кампања за подигање на свеста за недопрената природа и прекрасни речни долини и кањони на Балканот. Со турнејата, тимот на Balkan Rivers Tour дава поддршка на локални иницијативи што имаат заедничка цел – да ги заштитат последните слободни реки во Европа. „Balkan Rivers Tour 3“ вклучува кајакарење по …
повеќе »Низ Бистра до крајот на сезоната за 500 денари
Скијањето на Бистра до крајот на сезоната ќе чини 500 денари за цел дeн. На Маврово снег има повеќе од доволно. На ски патеките владеат пролетни услови и засилено сонце. Внимавајте на ледени блокови на стазите во долниот дел под едносед, двосед.
повеќе »Кога многу луѓе мислеа дека нема снег на Бистра
Минатата година ова време терените низ Мавровија беа полупразни, луѓето низ градовите на 20 степени викаа нема снег. Ние тогаш го фативме најдоброто скијање на Белички, а богами и на околните брда над Белички лифт каде во неколку наврати и со скии на рамо испочитувавме супер авантуристички линии на пролетниот снег.
повеќе »Ски центарот Маврово и Маврови Анови без струја
Делови од ски центарот како и населбата околу Маврови Анови се уште се без електрична енергија. Прекините во електричното напојување е редовна појава при лоши временски услови и снежни врнежи.
повеќе »Викенд со ноќно скијање
Петок и сабота, на 23 и 24 февруари, ноќно скијање под едносед во Маврово. Цената на картата изнесува 550 денари, а скијањето е од 19 до 22 часот.
повеќе »Ски патрола – Маврово ски терени 12.02.2018
Ски патрола после новите 50на см снег нив Мавровија, денес и утре повторно на агендата снег, а за викендот 17-18 февруари, очекуваме разведрување и повеќе сонце. На агендата е добра забава и 16ти Хуманитарен Велеслалом.
повеќе »Ски патрола доцна попладнево кон Планиница Бистра
Доцна пристигнавме, па немавме многу време да стигнеме до планираната точка, не носевме ни челни ламби, но тоа не е страшно, ќе се вратиме пак, амбиентот беше таков ќе мора уште еднаш да го изуживаме. Снег има доволно на поволни линии за турно качување, а имаше и безбедни над 50 см снег низ доловите кои ги скијавме за назад.
повеќе »Чувството кога некој мисли на идеалот, организацијата и взаемната помош
Чувството кога некој мисли на идеалот, организацијата и взаемната помош. На наша голема радост од денес skimacedonia ќе биде дел од брендовите кои имаат значение и придонес за ски школата на Адриан Абази, лиценциран инструктор кој врши ски обуки во рамките на ски центарот Маврово. Ски инструкторот Адриан Абази, покрај на социјалните мрежи, може да го контактирате на 389 77 60 00 16.
повеќе »

 skimacedonia
skimacedonia 
				 
			 
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			 
				
			