Фотографии создадени десетина години наназад , кога аутдор фотографиите беа ретки, имаа поголема вредност и им се радувавме многу повеќе. Слајдови фотографирани аналогно со Хаселблад, со употреба на филтри кои се додаваат пред објективите на апаратот. Претставуваат фантастично патување низ Маврово и падините на Бистра, бркајќи го снегот во периодот ноември – јуни. Автор на фотографија, Дарко Стојановски
повеќе »Tag Archives: Бистра
Ски зона Манастириште – Бистра
Манастириште е ски зоната лоцирана близу највисокиот врв на Бистра, Меденица 2163м. До кулоарите на Манастириште се пристапува од патот кога одите кон село Галичник и е дел од телото на самиот врв Меденица. Висината на таа рута се движи од 1728 – 2058 метри, лавински опасна зона, а појдовната точка е на 1688 метри покрај самиот пат. До таму треба …
повеќе »Прооден Галички пат достапен Галичник
Комплексната делница кај месноста Царевец на Бистра изминативе денови е пробиена и комплетно е чист патот до село Галичник. Патот оваа година е пробиен далеку порано во однос на ланската кога патот беше расчистен дури на почетокот на мај.
повеќе »Сончеви патеки – Бистра
Мавровската белина, Бистра, јануари 2017
повеќе »По падините на Бистра
Ски центар Маврово состојба 19.12.15
Ако планинарите по Бистра, на располагање и Галичка свадба
Советот на Месната заедница Галичник, за 42. издание на атрактивната културолошка и туристичка манифестација „Галичка свадба – 2015“, ги избра Билјана Гегоска, со длабоки корени од Галичник и Филип Белчев од Скопје. Овој викенд на 11-12 јули , во попладневните часови, од Укален ќе одекне екот на зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на вековната традиционална Петровденска …
повеќе »Ослободен од снег окованиот Галичник
Од вчера конечно целосно исчистен патот до село Галичник. Екипите на Македонија Пат го расчистија комплетно патот и сите негови критични точки кај Тонивода, Маслари,Врчец и Смрдливи вирови. Патот обично се чисти на почетокот на месец април, но оваа година заради големите снежни врнежи беше пробиен дури сега, а расчистувањето беше проследено со бројни потешкотии меѓу кои и несреќен случај во …
повеќе »Патот Маврово – Галичник се уште не е пробиен
Заради големите наноси на снег во месноста Царевец, Галички пат на Бистра се уште не е прооден. Изминатиот период работат на негово пробивање, а Царевец е нај критична точка на која во текот на зимата се акумулираат големи наноси на снег. Фотографијата е од денес 29.04.15
повеќе »25-26 Април, скијање на Маврово
Овој викенд 25 – 26 април, Бистра ви стои на располагање. Ски лифтовите ќе бидат во функција, за сите оние кои сакаат да се дружат со планината, пејсажите и чистиот воздух!
повеќе »