Спасителните служби од Охрид ќе оперираат со најсовремена опрема

Регионот на Охрид и националниот парк Галичица од ова лето благодарение на проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам” ќе располага со најсовремена опрема за спасување во планина, неопходна за подигнување на безбедноста при движење во планина, туризмот и подобрување на туристичкиот сервис и слика. Службата за спасување во планина при Црвен Крст – Охрид чии раководител е Антонио Додевски ќе ја покрива територијата на Охрид, Струга, Дебарца и Ресен, но ќе стојат на располагање и за помош во пиширокиот регион и надвор од државата. Тимот е составен од 15 алпинисти, спасувачи, тим од 4-5 лекари и 30на обучени припадници на тимот за логистика. Во рамките на помошта влегуваат теренски возила, чамец за спаување на вода, алпинистичка опрема, медицинска опрема за прва помош, транспортни алатки, а во план е и доопремување на службата со специјални возила за полесно движење во зимски услови.  Оваа помош е проект на Црвен Крст – Охрид  кој се реализира преку грант од Европската Унија.

ohrid spasitelna sluzba galicica park 1 ohrid spasitelna sluzba galicica park 2 ohrid spasitelna sluzba galicica park 3 ohrid spasitelna sluzba galicica park

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки