Како и секоја сезона и за 2016 Fischer влезе со многу освежувања кои скијачите секако дека ги ценат. Во тие новитети Fischer донесе очекувани подобрувања на перформансите и поголемо задоволство на снег. Моделот RC4 WORLDCUP со нов впечатлив дизајн, контрасти на црна и фишеровата жолта боја, кобинација која генерира привлечен “race” дизајн.
Fischer колекцијата не може да се замисли и без PROGRESSORот кој за 2016-та е уште по уникатен, и тоа со AIR TEC TI и RAZORSHAPE технологиите кои им даваат додадена вредност на Progressor серијата покрај постоечкиот Dual Radius System. Новите PROGRESSOR се познати и по својата мала тежина. AIR TEC TI технологиjата се применува и во сериите Motive како и фрирајд серијата Fischer Ranger. Дизајнот на рокерот помага за полесно вртење и поголема пловност на скиите, а AIR TEC TI придонесува за намалена тежина.
Што се однесува на турното скијање, Fischer уште минатата сезона направи голем чекор напред со лансирањето на Profoil технологијата, која е Fischer-ва верзија на кожите за турно скии, со технологија која ја носи од светот на нордиското скијање, каде секако Fischer е неприкосновен број еден. Најважните карактеристики на Profoil технологијата е зголемена ефикасност и помала употреба на енергија при качување, преку нивната водоотпорност, полесни со зголемен грип, лепење на снегот и посилен чекор.

Fischer секако не ги заборава дамите, каде на реномираните World Ski тестови, го има победоносецот Trinity за универзални женски скии и моделот C-LINE DIVINE кој поседува највисоки оценки во категоријата “Ladies High Performance“
Повеќе детали за Fischer и информации во Sportbike продавниците во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, ниско приземје) и Битола. Контакт: 02 60 91 545 / 076 299 888 sportbike.mk@gmail.com
Напомена: Fischer најави ски тест на повеќето и секако најдобрите модели од 2016 и за сезона 2017 кои веќе пристигнаа во Македонија. Викендот 19-20 март на падините на Бистра на Галичко бачило.
