Слеклајнинг на падините на Водно, Матка

Slacklining

Слеклајнинг (Slacklining) претставува специфично еластично јаже, затегнато помеѓу две точки со цел на него да се балансира во од. Слеклајнингот  денес е доведен до ниво на спорт, многу сличен на одење по јаже. Клучната разлика помеѓу нив е тоа што слеклајнот е направен од динамично јаже, слично на она кое се користи при качување карпи (спортско качување). Се користи посебен еластичен материјал кој дава на јажето слични карактеристики како трамполина, овозможувајќи импресивни трикови и акробации на јажето. Едноставноста и подвижноста на слеклајнингот создаде огромна и разновидна заедница на “слакери”, посветен на практикување на спортот во најразлични средини. Денес постојат најразлични стилови на слеклајн од Urbanlining каде slackline-от се практикува во урбана средина, паркови и улици, Tricklining каде јажето се користи за најразлични трикови и егзибиции, Waterlining пак претставува одење по slackline над вода, Highlining – одење на екстремна висина каде јажето обично се оптегнува помеѓу две карпи над кањон, Tunelining – одење додека свирите музички инструмент, Slackline Yoga – како што самото име кажува е одење со одредени јога вежби, Freestyle slacklining каде се работи на неоптегнато јаже кое се ниша со големи амплитуди додавајќи посебна динамика на егзибициите, Windlining – практикување на slacklining на ветровити услови, итн… Секој слеклајн за различен тип на качување има свој карактеристики, големина, димензии и перформанси, од кој зависат и вежбите кој ги практикувате.

Slacklining vodno matka

Иако навидум делува наивно, сепак се работи за сериозна активност која бара пред се психичка стабилност и сериозна физичка подготвеност. Доколку се чувствувате спремни, следете ги овие едноставни правила за да започнете со одење по јажето: Најпрвин поставете ја десната нога (доколку сте деснак) нанапред на јажето и подигнете ги рацете нагоре. Гледајте директно во точката во која слеклајнот се спојува со дрвото, т.е. рамнотежната точка. Подгответе се да ја префрлите одеднаш сета тежина од ногата која е се уште на земја кон ногата која е на слеклајнот, со цел да избегнете тресење на ногата. Откако сте горе на јажето, користете ги рацете и нозете за балансирање. Секогаш држете ги очите фокусирани на точка каде јажето се спојува со дрвото. Пред да се обидете да одите по јажето бидете сигурни дека можете да балансирате на секоја нога одделно.

Историски ова активност започнува некаде во 80тите години и брзо се развива,  проширувајќи се кај спортистите како дополнување на својата активност, но и како самостоен спорт. Така алпинистите од Јосемити започнуваат интензивно да го тренираат по карпите во долината заедно со качувањето. Од 2010 Светската Слеклајн Федерација се обидува да го воведе триклајнингот како натпреварувачки спорт каде триковите се оценуваат според тежината, техниката, разликите, амплитудата, изведбата и сл. Слеклајнингот и кај нас од неодамна се практикува, најпрвин во комбинација на други спортови, но наскоро започнува да се практикува и како самостоен спорт, а во план се и одредени слеклајнинг настани, каде овој возбудлив спорт ќе може да се испроба или тренира.

Slacklining vodno matka1

Slacklining vodno matka (2)

Slacklining vodno matka (3)

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки