Slacklinе дружење во градски парк

На 31 Март во 15 часот во Градски парк ќе се одржи отворена можност за проба и практикување на slackline или одење по еластично јаже.

slack line park

Slackline претставува специфично еластично јаже, затегнато помеѓу две точки со цел на него да се балансира во од. Иако навидум делува наивно, сепак се работи за сериозна активност која бара пред се психичка стабилност и сериозна физичка подготвеност. Постојат едноставни правила за да започнете со одење по јажето…

Историски ова активност започнува некаде во 80тите години и брзо се развива, проширувајќи се кај спортистите како вертиго баланс тренинг, oсобено во спортови на нестабилна површина – карпа, снег и вода (sport climbing, ski, snowboard, surfing, windsurf, kitetsurf). Но поради својата целовитост како активност и можност за креација прераснува во посебен спорт и стекнува професионално ниво со натпревари и светски првенства.

Слеклајнингот и кај нас од неодамна се практикува, најпрвин во комбинација на други спортови, но наскоро започнува да се практикува и како самостоен спорт.

Повеќе за slackline-от можете да прочитате во една од нашите постари статии.

Park-Slacklinner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки