Ски клубот Љуботен со селекции за престојната сезона

Тетовскиот ски клуб ЉУБОТЕН започнува со подготовките на селекциите на клубот за претстојната сезона, под раководство на еминентниот ски и спортски стручњак Крсте Серафимовски. Клубот ги повикува сите заинтересираните родители во ВТОРНИК, 15-09-2015 во 19 часот во АРМ на ДОГОВОРЕН СОСТАНОК.
Програмата предвидува тн. “суви“ тренинзи во прва фаза, потоа скијање на снег во Ноември на Глечер-Австрија, и натамошни снежни и кондициски подготовки се до почетокот на натпреварувачката сезона, со учество на ФИС детските натпревари во регионот, Јахорина, Мокра Гора, Попова Шапка, Тополино, Банско.
Информации на тел: 077 529 140, 070 259859, 070 673514

sarplaninski kup za deca 2015 popova sapka

За skimacedonia

Еден коментар

  1. ВО САБОТА ПРВИОТ ТРЕНИНГ НА СКИ КЛУБ ЉУБОТЕН
    На 19.09.2015 Сабота во 10 часот, на спортски центар пред ОУ Братство Миѓени, собирање на членовите за првиот тренинг, под раководство на тренерот Крсте Серафимовски.
    Децата да бидат во спортска опрема и да понесат резервна маица и шише со вода.

    Сувите тренинзите ќе се одржуваат 2 пати неделно.

    Во ноември се планирани снежни тренинзи на глечер во Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки