Утре и деновите од продолжениот викенд не очекуваат претежно сончеви денови со слаб до умерен ветар
Оперативни ски центри со активни лифтови за скијање се Попова Шапка и Маврово , во Крушево активен е само двоседот кој води до ски центар Станич.
Лифтовите ќе продолжат со работа и после празниците.
Ски состојба 4 јануари 2018,
Попова Шапка , активни се сите лифтови и двоседи, освен Мал Јелак. Работата на двоседот Церипашина зависи и од временските услови. 20-30 см снег на долните лифтови, над 70 см снег на Церипашина



Маврово, 3 јануари 2018, активни се лифтовите во горниот дел од центарот, жолт, детски, конектор , галички 1 и галички 2.
20-30 см снег на горните лифтови во добра кондиција за скијање, црните стази во долниот дел не се активни немаат доволно снег.



Крушево , во функција е двосед жичницата


Следете камери во живо