Се реконструира планинарскиот дом на Водно
Град Скопје започна со реконструкција на планинарскиот дом на врвот на Водно. Градоначалникот Шилегов ги повика државните институции и приватни компании да придонесат и помогнат во реконструкцијата на домот со цел, Водно да прерасне во модерен спортско-рекреативен и културно забавен центар.
Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти. За овој планинарски дом се грижат ентузијасти од планинарскиот клуб Бистра и други љубители на планинарењето и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање.
Решен е проблемот со водоснабдувањето на домот и во употреба е пуштен новиот тоалет. Реновирањето на домот вклучува и комплетна реконструкција на кровот и двата ката и опремување на домот со цел подобрување на условите за престој.
