Robinson го отвори Веле Слаломот во Крањска Гора
Младиот талент Alice Robinson, победникот на првата трка од Светскиот Куп во World Cup Soelden, со нетрпение ја чекаше февруарската трка во Maribor, Словенија од причина што е запозната со таа патека и за прв пат оствари пласман за втора трка на Светскиот Куп токму таму. Секоја трка сезонава освен во Courchevel беше нова за неа, па организаторите на Марибор беа возбудени што успеаа да ја вметнат трката на календар од Светски Куп во февруари , со соодветно ниво на снег на таа висина која е повеќе позната како вински регион отколку скијачки. Но заради недостаток на снег, жените се вратија на патеката Podkoren во Kranjska Gora со техничка дисциплина после еден месец. За прв пат во кариерата од солидно стартно место, Robinson ја искористи својата прилика и скијаше агресивно на првото возење каде извади повеќе сила и брзина од секое возење во споредба со другите скијачки.
“Во првото возење бев навистина среќна со скијањето и знаев дека имам брзина, но морав да бидам по прецизна за второто возење,” изјави Robinson за возењето на патеката Podkoren”
Нејзиното моќно и ризично второ возење успеа да ја надмине Petra Vlhova која заврши втора за изненадувачки 1.59-секунди како награда за таквото возење. Израмнети за трето место беа словенката Hrovat и швајцарката Wendy Holdener.
“Беше неверојатно второ возење на граница на можностите, едноставно притискав колку што можам и дефинитивно имав две грешки, но продолжив со иста брзина и сум навистина среќна,” изјави возбудената Robinson после победата.
Навивачите во Словенија беа наградени со искачување на подиумот на Hrovat (второ во нејзината кариера). Hrovat која е израсната во Kranjska Gora беше пуленот на домашната публика заедно со Vlhova. “Сакам да скијам во Словенија бидејќи доаѓаат доста мои сограѓани од Словачка и уживам во та,” вели Vlhova. “Патеката е потешка од таа во Maribor, но денеска условите беа совршени ледено и тврдо, па двете возења беа перфектни и беше добра трка.”
Federica Brignone, не успеа да се избори за подиум и заврши со 2.04 секунди заостанување за осмо место. Со три слалом трки на календарот до крај, италијанката ја држи предноста со 74 поени пред Vlhova во дисциплината.
“На домашен терен беше неверојатно. Не се замислував на подиумот во Kranjska Gora. Изјави Hrovat. “имав малку и среќа денеска па сум среќна што така е овој пат.”
Holdener со своето трето место го потврди својот најдобар резултат досега во веле слалом сезонава во Courchevel. Со подиуми на сите четири дисциплини таа како поранешен слалом специјалист го прикажа својот широк потенцијал во сите дисциплини до сега.
Holdener призна дека очајно сакала да заврши на подиумот и дека е не можела да издржи при возењето на Hrovat “Само ги затворив очите и тогаш видов дека сме израмнети па бев среќна и за мене и за неа што го споделуваме овој момент.”
Mikaela Shiffrin која се уште ја оплакува смртта на својот татко уште нема план за враќање на Светскиот Куп. Таа ја има водечката позиција во генералниот пласман пред Brignone.
На слалом натпреварот во Kranjska Gora, Petra Vlhova ја земе техничката победа со беспрекорно возење.
skimacedonia

