Реинхолд Меснер – Монт Еверест стана прилично баналнo брдо

“Денес, секој кој може да искачи врв од 4.000 метри на Алпите може да го искачи и врвот Монт Еверест”, изјави Реинхолд Меснер во разговор за Deutsche Welle по повод 60-годишнината од првото освојување на врвот Еверест.

DW: Да се вратиме назад во минатото, 29 мај 1953 година, кога новозеланѓанецот Едмунд Хилари и шерпасот Тензинг Норгај, како први луѓе кои успеаја да искачат на Монт Еверест. Дали според ваше мислење ова беше едно вистинско достигнување на двајца храбри алпинисти или сепак станува збор за тимски успех?everest alpinizam Reinhold Messner dw

Меснер: На прво место, ова беше успех на британскиот тим. Британците го внесоа своето знаење и пари во целата таа приказна и направија одлични и големи подготовки. Помеѓу 1921 и 1953 година, многу експедиции на Еверест доживеале неуспех. Од друга страна, мора да се каже дека дел од овој успех им припаѓа и на Швајцарците кои во два наврати со Рејмонд Ламберт во 1952 година се обидоа да го освојат врвот. Тие далеку стигнаа. (Рејмонд Ламберт беше швајцарски алпинист, почина во 1997 година) Тогаш исто со нив беше и Тензинг Норге.

Без сите овие претходни обиди, мислам дека британскиот тим немаше да стигне до врвот 1953 година. Исто така, во секој случај може да се каже дека успехот може да му се препише на самиот Хилари, кој имал доволно храброст да се обиде.

Британците се обидоа и не успеаја. И тогаш се појави овој млад новозеланѓанец, покажувајќи дека има и волја и храброст, иако многумина пред него доживеале неуспех. И успеа. Ова ќе остане ѕвезден момент во историјата на алпинизмот. При тоа треба да се напомене дека Хилари не беше првокласен, таканаречен екстремен алпинист, туку класичен алпинист, но имаше многу доверба и афинитет и на работите им пристапуваше на сосем природен начин. Ова е типично за Новозеланѓаните.

DW: По ова прво освојување на врвот, следеше спортска фаза во 60-тите, особено во 70-тите и 80-тите години. Тогаш се започна со одбирање на нови, потешки патишта во текот на зимските месеци. Вие заедно со Питер Хаберл во 1978 година без боци за кислород успеавте да стигнете до врвот – ова беше прв пат во историјата. Го повторивте тоа и во 1980 година, тогаш без придружба, без боци со кислород и за време на монсуните. Дали Монт Еверест за вас тогаш беше ултимативен предизвик?

Меснер: Откако Даг Скот и Дагал Хастон се искачија преку југозападниот ѕид во 1975 година, ми стана јасно дека е важно да од сега се оди на Еверест со што е можно помалку опрема. Фактот што се искачив беше и големо достигнување на мојата алпинистичка кариера – бев сам на највисокиот врв на светот, во лоши временски услови, за време на монсуните, без боци со кислород, а до врвот дојдов по една нова рута.

DW: Во текот на деведесеттите, започна “комерцијалното” искачување на Еверест. Оваа слика е се уште видлива и денес. Како го гледате Монт Еверест денес, 60 години по првото освојување на врвот?

Меснер: Тоа се уште е истото брдо. Притисокот кој овде преовладува заради недостигот од кислород е ист и некогаш и денес. Еверест е се уште релативно опасен …Разликата од некогаш и денес, е тоа што денешните туристички агенции, кои организираат искачување, однапред ги прават сите подготовки за своите клиенти.

bergheimat

Пред клиентите да пристигнат, на Еверест се искачуваат не само десетици туку стотици Шерпаси и ја подготвуваат патеката за качување. Во таа смисла, Еверест е подобро подготвен од Алпите. Само кога е се подготвено, клиентите доаѓаат, што значи, искачувањето губи на својата тежина, опасноста се сведува на минимум, иако сè уште постои. Не е ни можно целосно да се исклучи.

Сега, на пример, се дискутира дали треба на Хилари Степ кое е едно тешко место во горниот дел на косината да се постави скала? Јас предложив дека можеби треба да се постави семафор како  во градовите, така што јасно ќе се знае кога некој може да се искачи, а кога да се спушти. Во тој случај, алпинистите ќе мора да се држат до ред како во сообраќајот, па би имало и помалку несреќи. До нив се доаѓа поради хаосот, чекајќи на студ. Луѓето многу се смрзнуваат, а некои и заради тоа горе го губат животот.

DW: Поради ваквиот развој на ситуацијата, на големо се смени и сликата и типот на алпинистите кои се качуваат на Монт Еверест.

Меснер: Да, денес овде можат да се најдат луѓе кои воопшто не се алпинисти или немаат многу искуство. Сите знаат дека ако толку многу се искачуваат значи дека тоа и не е толку тешко, туку дека е можно. Во суштина е и така, сите што се искачуваат околу 4.000 метри на Алпите, ако патот им се припреми на овој начин, може да се искачат и на Еверест.

Ве уверувам дека кога патеката не би била толку подготвена, од илјада колку што сега тамо се наоѓаат ниту тројца не би стигнале до врвот.

Таа планина денес е полна со многу синџири, жици, скали и затоа е достапно за секого. Дали тоа е добро и исправно, мене ми е релативно сеедно. Тоа веќе нема никаква врска со класичниот алпинизам. Овие луѓе повеќе не го освојуваат Еверест на Хилари, ниту пак мојот, туку некоја друга планина, иако геолошки гледано е се уште истото.

DW: Кога на годишнината од освојувањето на Еверест, би можеле да изразите некоја желба, што би посакале?

Меснер: Мислам дека денес е едноставно премногу доцна. Монт Еверест во меѓувреме стана едно банално брдо. Не верувам дека би можеле некогаш да ја вратиме атмосферата што некогаш ја имавме. Најдобрите алпинисти денес дури и не одат на највисоките врвови, значи не на оние на висина од 8.000, туку на 7.000 или 6.000 за нив овде е се уште се отворено. Но, се разбира, штета е што навистина доста добри алпинисти добиваат мала можност за финансирање на своите експедиции, бидејќи, од друга страна, вниманието на јавноста го одземаат туристите на Еверест.

Реинхолд Меснер од Јужен Тирол ја напишал историјата на алпинизмот. Помеѓу 1970 и 1986 година тој стана првиот човек кој успеал да се искачи на сите 14 врвови на висини над 8.000 метри, без боци со кислород.  Денес, овој 69-годишен маж живее во својата татковина во јужниот дел на Тирол, пишува книги и се занимава со своите пет планинарски музеи.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки