Последната скијачка недела од Март започна со тврда и одлична снежна подлога, одлично подготвени патеки на скијалиштето во Маврово.
Една од поретките сезони каде што речиси e Aприл, а сеуште имаме квалитетно скијање на стазата под едносед.
Стазата под двоседата жичница е исто така во солидна состојба.
Патеките во горниот дел на скијалиштето се во одлична состојба, има доста снег и на нив се работи континуирано. Температурите не се се уште за по кратки ракави, интересно е што студот се уште држи.
Сонце, снег во повеќе од доволни количини мирно време и вистински фанатици на скијањето, таков е амбиентот во Ски Центар Маврово последнава недела.
Дневен ски билет е 500 денари, да се убиеш од скијање, да освежиш душа на планински воздух и да се изолираш од градските филозофи и само прогласени ски експерти, ширејќи демагогии дека Маврово нечинело, немало снег и дека не било Банско… За вистинските скијачи нема лош снег, има само пропуштен ден.
Поздрав од планината,
Димитар Попов
MavrovoOutdoors