Изминатиот викенд на Шар Планина, Попова Шапка се одржа првото издание на “Титов Врв Скајрејс“ во организација на планинарскиот клуб „Македон“ и Федерацијата на планински спортови на Македонија. Стартот и финишот беа од Попова Шапка, а рутата на натпреварување беше преку зимската патека до Титов Врв 2747 мнв и назад во вкупна должина од 20 километри и околу 2000 висински метри.
На оваа тешка трка учество на стартот земаа 46 натпреварувачи, а успешно финишираа 44. Во генерален пласман кај мажите победи Александар Стојкоски со време 2:40:02 часа, второпласиран беше Марјан Бонев со време 2:46:00 часа и третопласиран Александар Кирковски со време 2:48:13 часа. Во женска конкуренција трката прва ја заврши Мери Мирческа со време 3:50:10 часа, втора беше Биљана Кираџиева со време 4:11:05 часа и трета Елена Ртоска со време 4:53:50 часа.
Оваа трка воедно претставуваше и прво национално првенство во скајранинг, а тоа придонесе за најсилната домашна стартна линија досега во Македонија. За тоа говорат и резултатите на натпреварувачите посебно во машка конкуренција каде дури шестмина завршија под 3:00 часа.
Детални резултати од натпреварот