Помина нецела година од промоцијата на алпската дивизија на Fischer Sport и новиот модел од фрирајд серијата Ranger, моделот Ranger Free за сезона 2018/2019.
Импресивна ски чизма со перформанси кои гарантираат простор околу врвот на понудата на ваков тип чизми кои од крајот на есента е веќе во продажба и тука во Македонија.
Ние веќе имавме можност да ја тестираме и да се увериме во високите перформанси. Овој модел за разлика од браќата и сестрите ренџери благодарение на новите материјали тежи дури 700 грама помалку од нив или поточно 1540 грама. Ranger Free поседува Vibram грип за безбедно и навистина лесно и удобно движење и искачување, Dynafit инсерти прилагодени на класични туринг везови на пин, подобрен ski/walk механизам и флекс 130 кој гарантира потполна контрола врз скиите на секаков терен. Важно е да се напомене дека Ranger Free може да се корисит и со обични везови за алпско скијање.
Ваква врвна играчка имате можност да ја набавите единствено преку Sportbike (ТЦ Беверли Хилс ниско приземје – Скопје) дистрибутерот на Fischer , каде секогаш на располагање ги имате најновите модели на Fischer скии и ски чизми со технологијата Vacuum fit.