Неформалната спортска војна за тоа кој е најбрз низ македонските планини е во тек, веројатно тивко трае низ периодот наназад, но како се постигнуваат се подобри и подобри резултати, така и предизвикот и еуфоријата околу тоа ќе растат се повеќе.
Последниот измерен резултат доаѓа од Шара, Титов Врв, 2 часа 19 минути и 07 секунди – 02:19:07, ова воедно и најбрзо пријавено време, Попова Шапка – Титов Врв – Попова Шапка, до денес, а го постави Александар Кирковски од ПК Македон – Скопје. Александар Кирковски неодамна беше дел светската елита од натпреварите на ултра тешка трка Elbrus Red Fox каде заврши на 26 место, но постави македонски брзински рекорд во планинско трчање.
Претходно деновиве од Титов Врв, спортска предизвик ракавица фрли Александар Симјаноски, со поминато време од 2 часа 44 минути и 40 секунди – 02:44:40.
Планинското трчање и се поголемиот интерес за учество на официјални натпреварувања од страна на наши учесници, придонесе за редовни и зголемени тренинг сесии, а преку тоа и евиденција на прецизни времиња низ одредени рути низ македонските планини, кои се повеќе се интерес и за оние кои ги прават тренинзите и за онаа публика која со воодушевување ги проследува овие бројки.
технички детали https://connect.garmin.com/modern/activity/1767765990