Планинската Спасителна Служба (ПСС) е организација чија основна дејност е спасување и извлекување на непристапен терен. Локацијата на која ПСС дејствува е скијачкиот центар “Попова Шапка“, но по потреба истата излегува на терен на територијата на цела Р.Македонија.
ПСС врши превенција од потенцијални несреќи, со цел намалување на истите, на и вон терените на Скијачки Центар Попова Шапка, преку поставување на заштитни мрежи, информативни табли и постојано патролирање на терен (во текот на работното време).
Укажува помош и прва помош на настрадани или загубени лица и транспортирање на истите од непристапни терени до места од каде може да бидат превземени од медицински екипи. Спасување и извлекување од жичари.
Врши континуирани проценки на секаква потенцијална опасност: промени на временските услови, промени на снежната покривка, појава на лавинска опасност, нарушување на редот во ски центарот и советува во врска со истите до надлежните во Скијачки центар Попова Шапка.
Дава информации во врска со условите и врши советување на посетителите на ски центарот.
Контакт SOS телефони 075 303 988 ; 075 303 908
Статистика од минатата скијачка сезона на Попова Шапка. Број на регистрирани интервенции (повреди) – ски сезона 2013-2014 , вкупно 121 интервенција, завршени со 100% успех.